Во организација на Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија, а во чест на
едногодишнината од формирањето на битолската секција на Школото за
борбени вештини – Пат кон Сонцето, вчера на една од падините на
планината Пелистер се одржа семинар на тема Шинкен Гата Таиџутсу.
На семинарот се обработија различни ситуации на реална голорака
самоодбрана, а на крајот, се вежбаа и неколку техники со меч (кен
џутсу) и со стап (ханбо џутсу).
Семинарот помина во одлична атмосфера, за што се погрижија членовите на
битолското доџо, но и учениците на Хомбу Доџо-то, кои дојдоа во голем
број со цел да им укажат чест на домаќините.
Што друго да се каже и како може да се доживее еден ваков настан, на
кој 17 луѓе, сите со една цел во срцето, за самоусовршување, се дружеа
неколку часа. Кога на едно место, ќе се соберат толку воини (со
искрено срце – сеишин), сеќавањата остануваат врежани во меморијата
засекогаш.
п.с. Фотографии од семинарот во „Фотогалерија“ и колаж фотка во „Семинари“
Со задоволство сакаме да Ве информираме дека од почетокот на месец
Позитивна енергија, одлична атмосфера и многу насмевки ја следеа
ШКОЛОТО ЗА БОРБЕНИ ВЕШТИНИ
Како и секој друг, така и овој семинар во природа помина во фантастична
На 16 март (недела), Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија ќе одржи
I would like to inform you that I have just contacted Papa San sensei.
На 24 февруари (недела), во Хомбу Доџото на Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија, ќе се одржи тренинг на тема Јавара Џутсу.