Во организација на Буџинкан Македонија, оваа година за прв пат беше одржан “Детскиот Нинџа Камп“, кој предизвика многу позитивни реакции како кај најмладите членови на нашето доџо, така и кај нивните родители.

Иако Буџинкан Македонија има големо искуство во организирање на вакви настани, сепак досега не биле организирани кампови за најмладите воинчиња од секцијата „Нинџа Клинци“.
Кампот се одржа од 27 јули до 03 август, во Хомбу Доџо-то на „Пат кон Сонцето“ и на него учествуваа 16 дечиња на возраст меѓу 5 и 12 години. Тие ги изучуваа основите на јапонските боречки вештини Кото рју Копоџутсу и Кукишинден рју Ханбоџутсу, но секако, тука беа и незибежните ноќни нинџа игри, како и предавањата на најразлични теми, а се со цел најмладите да стекнат знаења, вештини и самодоверба потребни за понатамошниот живот и иднината која ги чека.

Да споменеме и уште тренинзите за време на кампот беа водени од страна на шидоши Игор Довезенски, семпаи Таки Гаковски и кохаи Тамара Ѓоргиевска.
Следната година очекуваме уште поголем одзив, а од наша страна ветуваме уште подобра организација на настанот.



Таа пракса да се предаваат сите необични вештини познати под името Нинџа Џухакеи, шидоши Довезенски ја продолжува и ден-денес, па така одвреме-навреме неговите ученици имаат можност да научат и да навлезат малку подлабоко во сржта на овој необичен метод на борба познат под името нинџутсу. За време на неделниот семинар, учесниците имаа можност да научат техники за тивко влегување во вода, како и начини на бешумно пливање низводно и узводно. Потоа се вежбаа и техники на поминување големи растојанија со стебло, камуфлирање и трчање во река, како и бешумно движење и следење на противникот кој се движи по самиот речен брег. Обуката во вода, освен на семинарите во природа, понекогаш се предава и на некои од летните кампови организирани во Хомбу Доџо-то на „Пат кон Сонцето“.
Според планот за работа, следната година предвидено е научените техники да се испробаат преку разни борбени сценарија, при што учесниците ќе бидат поделени во две групи.









Се разбира, редовни посетители се и ветераните кои одлучиле на некој начин да се специјализираат во користењето на примитивните „нинџа лак и стрела“.