На
27 септември, 2009 година, членовите на Буџинкан Македонија ќе го одржат традиционалното духовното патување во природа наречено Патот на Шугенџа.
Оваа година, нашите ученици имаа прв пат можност самите да изберат една од четирите предложени патеки, а ја одбраа рутата од подножјето на Липац до Кокино. Вкупната километража што ќе ја
изминеме на Патот на Шугенџа е непозната, бидејќи ќе се движиме во
најголем дел по непознат предел, што секако, допринесува за поголемо
уживање, но и поголема будност и претпазливост. Ќе ги
посетиме попатните цркви и манастири,
како и останатите свети места,
каде преку медитација и молитва ќе ја надополниме загубената енергија.
Како помошни средства ќе користиме единствено стари топографски карти и
компас.
Шугендо
е древен јапонски метод кој ги истражува релациите помеѓу човекот и
природата. Во буквален превод, Шугендо значи „Пат на вежбање и
тестирање“, односно тоа е аскетска дисциплина која има за цел да
постигне самоусовршување преку повлекување во планина, медитација под
водопади и ладни реки, вежби за дишење на недостапни терени, се до
постигнување на неверојатни подвизи преку тестирање на телесната и
менталната издржливост. Тие кои го практикуваат овој метод, познати се
под името Шугенџа, а учењето се практикува во Јапонија се до денешни
дни.
За
основач на учењето се смета Ен но Гјоџа, кој живеел во близина на Кјото
во 7 век од нашата ера. Другото име, по кое овие следбеници биле
познати, е Јамабуши или Планински Воини. Тие крстосувале по планинските
сртови на јапонските острови посетувајќи и заштитувајќи ги
многубројните храмови.
Токму овие луѓе, здружени со пребегнатите кинески генерали по падот на
династијата Танг, се сметаат за основоположници на вештината Нинџутсу.
Тема: Патот на Шугенџа / Духовно патување
Ден: 27 септември, 2009 (недела)
Место: Липац-Кокино
Програма: 07.00 часот – поаѓање од Скопје
08.00 часот – пристигнување и почеток на маршот
??.?? – враќање назад
Опрема: Земете се што имате, колку потешко-толку подобро (и побезбедно).
п.с. Не е исклучена средба со диви животни, дожд и невреме и останати непредвидени работи.
* Пред да се пријавите, „прочепкајте“ ги информациите на нашата веб-страница од минатите години.
Ги информираме нашите ученици и сите заинтересирани дека Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето и Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија ќе започнат со работа во вторник (01.09.2009).
секој од учесниците доби оброк што се состоеше од три речни школки и едно речно ракче (уловот). За десерт, секој од учесниците доби по три сливи. Тоа беше храната за целиот саботен ден.
Тренингот продолжи до доцна во ноќта. Во отсуство на месечина и во целосен мрак се вежбаа техники за медитација и за будење на сетилото за опасност (Харагеи). Вечерта заврши со поделба на стражарските обврски. По два часа стража за секој учесник. Два часа време за размислување во природа во потполна темница со илјадници ѕвезди над глава. Два часа да се запрашаме кои сме, што сме и зошто сме. Непроценливо искуство кое се повторува секоја година.
или ослабеност. Десет минути пред крајот ги допија последните 200 милилитри вода, а некои од нив си ги измија и нозете со неа.
Мислите дека сте доволно силни и цврсти? Сакавте да се „пробате“ и да видите колку сте (сме) вешти? Имате одлично мислење за себе?
убијат сопственото его, ги молиме да не се пријавуваат за семинарот. Дозволена количина на вода за пиење за двата дена:
Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија, како еден од најактивните
На 12 јули, 2009 година, Буџинкан Македонија го организира традиционалниот семинар во природа на тема Суи Рен (обука во вода).