Високотиражниот месечник „Лајф Магазин“ во најновиот (февруарски) број објави репортажа за последниот семинар во природа на Буџинкан Македонија. Текстот со наслов: „Зимски тренинг на македонските самураи“ е напишан од новинарката Катарина Стојанова, а фотографиите се на фоторепортерот Андреј Гиновски.
Како и секогаш, Школото за јапонски класични борбени вештини „Буџинкан Македонија“ во најдобро светло ја претстави организацијата предводена од соке Масааки Хатсуми, а нашите настани постојано предизвикуваат огромен интерес во јавноста.
Екипата на „Лајф Магазин“ изрази желба да направи репортажа и за нашиот традиционален летен семинар на тема „Преживување“, каде што нашите членови вежбаат два дена на температура од +40 целзиусови, без храна и вода.
„Школото Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу
Прецизните мерења извршени
Инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, ќе го одржи првиот од семинарите предвидени за во природа за 2011 година.
Вчера,
Годината што остана зад нас
На крајот од
сечење (кири ваза), движење (таи сабаки и таихен),
На 21 ноември,
Семинарот за Будо Таиџутсу, на тема Такаги Јошин рју, ќе остане во убави спомени на сите учесници што два дена вежбаа и се дружеа во салата „Јасмин“ во Кавадарци.
членовите на Буџинкан Македонија, пристигна во градот Кавадарци, каде што за прв пат се одржа семинар со шихан од 15 дан. Техниките се развиваа преку овогодинешната тема на Буџинкан Доџо – Роккон Шоџо. Доминираа таиџутсу кати, но се работеше и со Тачи (меч). За време на семинарот, шиханот честопати бараше од инструкторот Довезенски да подучува кати од Такаги Јошин рју и од Кото рју, а на крајот побара сите учесници да демонстрираат по една техника. Нашите ученици тоа го изведоа одлично, така што добија огромни пофалби за тоа.