Митовите и легендите поврзани со невидливото движење на јапонските нинџа воини се целосно разјаснети за учесниците на семинарот што денес се одржа во прекрасната шума Млака во подножјето на планината Липац.
Учениците кои присуствуваа на овој настан, имаа можност да учат три техники наменети за тивко движење преку различни површини односно суви лисја, дрвени подови и тесни премини.
Инструкторот Довезенски, на многу детаљен начин ги објаснуваше сите техники, а потоа на импровизирани полигони, истите беа вежбани од страна на неговите ученици.
Особено внимание, но и многу мака, им зададе последната вежба која се состоеше од дискретно движење преку старо стебло, a на кое, шидоши
Довезенски постави влажна хартија. Потоа на хартијата беа поставени тетсубиши, кои учениците требаа да ги почуствуваат под нозете и да ги истуркат со специјален чекор надвор од патеката на движење.
За време на демонстрацијата изведена од инструкторот, учениците едвај чекаа да ја направат техниката, но после неколкуте неуспешни обиди, сфатија колку многу тренинг е потребно за да успеат.
Инаку, за време на семинарот, временските прилика беа и повеќе од добри, со оглед на тоа што изминува претпоследниот месец од годината.

Семинарот со наслов „Силата на Јари – тактика и стратегија“, што вчера се одржа на падините на ридот Орљак, отвори нови видици за учениците што учествуваа на настанот.
Буџинкан Македонија уживаа во разновидноста на тактитата и на стратегијата на овој начин на војување.
По минатогодишниот многу успешен семинар „Силата на јари-то“, оваа година одлучивме да одржиме уште еден сличен. Разликата ќе биде во тоа што овој пат нема да се изучуваат кати, туку ќе се работат само техники на одбрана од меч, одбрана од копје, како и формациско борење.
Сите 11 учесници кои беа пријавени за овогодинешниот „Патот на Шугенџа“, успешно го завршија семинарот поминувајќи 50 километри за дванаесет ипол часа.
Традиционално, секоја година во последната недела од месецот септември, воините на
во близина на Кјото
Викендов во главниот
на кој се работеа техники
Школото за
Третиот по ред Летен Нинџа Камп заврши како што само може да се очекува
Со најмалку пријавени
засолниште, шидоши Игор