Петорица ветерани и еден почетник на Буџинкан Македонија, оваа година учествуваа на духовното патување наречено Патот на Шугенџа.
Според мерењето базирано на старата воена мапа, во текот на вчерашниот ден изминавме околу 45 километри. За тој подвиг ни беа потребни околу десет ипол часа.
Како и секоја година, така и овој пат избравме непознат терен, а при неговото совладување се потпиравме на чуството за ориентација, сонцето и воената мапа.
Патувањето започна околу 08:00 часот со искачување на Липац од неговата северо-западна страна. Првата препрека се појави при совладувањето на врвот Кула, поради големата стрмнина односно речиси вертикална линија.
Потоа се упативме на југ и по еден час пешачење стигнавме во Пезово. Од тука, го сменивме правецот кон исток и движејќи се кон источниот дел на К’шање, влеговме во атарот на Татомир. Пред да влеземе во селото, „пресековме“ кон север и движејќи се меѓу Шопско Рударе и Коњух наидовме на прекрасен кањон (кој го искористивме како пат кој не однесе на почетната точка). По околу два часа пробивање низ непроодните карпи стигнавме до Крива Река, а подоцна се беше полесно.
Како и секоја година, за време на Патот имавме
можност да уживаме во неверојатните пејсажи што го одземаат здивот. Видовме места на кои со години нема стапнато човечка нога, наидовме на непознати за нас видови растенија и животни, кањони и потоци, кладенци и стари чешми.
Ние во Буџинкан Македонија честопати на шега го употребуваме изразот
„салонски нинџи“. Тој израз означува постојано вежбање во доџо, без
испробување на вештините во дивина, на непознат терен, без соочување со
опасности од непознатото.
На крајот честитки за ветераните кои без поголеми проблеми го изодеа Патот на Шугенџа-та за 2012 година, но и за почетникот кои имаше храброст да се пријави за учество на настанот. Иако тој на моменти доживуваше кризи и тешкотии, сепак успешно го заврши семинарот.
Воините од доџо-то за традиционални јапонски боречки вештини, Буџинкан Македонија, по шести пат ќе појдат на духовното патување наречено „Патот на Шугенџа“.
Драги ученици,
подготвено да организира
Четвртиот по ред Летен Нинџа Камп, собра на едно место рекорден број учесници. Вкупно дваесет и двајца односно двајца ученици повеќе од минатата година, девет дена вежбаа и се дружеа во долината под планината Липац. За прв пат, имавме учесник од Шпанија и со тоа настанот доби меѓународен карактер.
така беше на високо ниво. Во нашето доџо кондицијата на учениците отсекогаш била многу важна.
Август е единствениот
елементарната непогода предизвикана од
Maкедонија е позната по
Во петокот, во доџо-то на Буџинкан Македонија во Скопје се одржа полагање за ученички (кју) степени.
Топлотниот бран што ја зафати нашата земја и температурите над 34 целзиусови во сенка, не ги поколеба воините на Пат кон Сонцето да дадат се од себе за време на дводневниот семинар за Оно ха Итто рју Кенџутсу (Такеда ден).
„јокомен учи“. За саботната вечера, како и секоја година, беше подготвено гравче со суви ребра во котле, на традиционален македонски начин. Се спиеше во вреќи под ѕвездите на Липац поточно на врвот на ридот Еленац. Будењето на изгрејсонце беше неверојатно, а златната рефлексија од сонцето, на реката во долината и даваше магична привлечност.
Шидоши хо Марјан Прошев и шидоши хо Марко Опачиќ, во неделата одржаа семинар во секцијата на Буџинкан Македонија во Градско.