На падините на легендарната планина Липац,
викендов се одржа семинарот што секоја година го одржуваме во чест на нашиот учител за Даито рју Аикибудо, шиханот Антонино Черта.
На настанот учествуваа 12 членови на Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето, кои во текот на двата дена неуморно ги вежбаа техниките на јапонската традиционална боречка школа Оно ха Итто рју (Такеда ден).
Во саботата, се вежбаше шест, додека во неделата вкупно пет часа. Ако на ова се додадат искачувањата по планината во текот на двата дена, тогаш слободно може да се каже дека успешно ја одржуваме нашата борбена готовност и кондиција.
За разлика од минатите години, кога спиевме под отворено небо, оваа година преспавме во конаците на преубавиот манастир „Свети Ѓорѓија“.
Освен напорниот тренинг и уживањето во прекрасната и недопрена природа на Липац, неизбежно беше и гравчето во котле кое секогаш се приготвува за саботната вечера.
По завршувањето на семинарот, домаќинот на
манастирот ни понуди секоја година да ни ги отвора конаците за преспивање, а таквата понуда со задоволство ја прифативме со цел на настанот да ги привлечеме да учествуваат и нашите помлади членови кои се уште не се навикнати да спијат под отворено небо.
На крајот сите учесници уште веднаш го најавија своето присуство за следната година, што само говори за квалитетниот тренинг и убавината на оваа едноставна боречка школа која плени со својата едноставност и ефикасност.
Како што самиот наслов кажува, оваа година по четврти пат ќе го одржиме семинарот посветен на нашиот Даито рју Аикибудо учител – шиханот Антонино Черта.
Место: под ѕвездите на планината Липац.
Довезенски, беше во неколкудневна посета на Холандија, каде што за прв пат имаше можност да ја вежба најстарата документирана традиционална јапонска боречка вештина – Теншин Шоден Катори Шинто рју.
Семинарот посветен на начините на борба со
Оваа година, повторно ќе се вратиме на почетоците односно на основата, а тоа е одлична можност за сите кои досега не се запознале со копје-то. 
Иако
Шидоши Игор Довезенски, вчера одржа семинар на тема Наге Ваза (Техники на фрлање на противникот).
најстарите школи за иаиџутсу. Извлекувањето на мечот е базирано на природните движења на телото со цел да се обезбеди динамичен и изненадувачки напад врз противникот“.
Далеку од градската врева, на температура под нулата и во услови на снег, вчера се одржа зимскиот нинџа тренинг „Начини на преживување во природа“.