Прирачници кои содржат тајни техники користени од нинџите и пишани заклетви за нивните прикриени мисии биле пренесувани со генерации во домот на потомок на нинџи во западна Јапонија, покажуваат анализите на старите документи кои биле најдени таму.
Експерти по Јапонска историја тврдат дека документите откриени во 2000 година во Кога, во префектурата Шига, се важни затоа што докажуваат дека нинџутсу техниките користени од страна на феудалните Јапонски платеници кои биле вмешани во мисии како шпионажа, саботажа и атентати, биле предавани на следните генерација во областа.
Кога и Ига во префектурата Мие се надалеку познати како области од каде што потекнуваат овие два најпознати нинџа кланови. Влијанието на Нинџите почнало постепено да слебее за време на Едо Периодот (1603-1868).
Меѓу 150-те предмети најдени во куќата на 79 годишниот Тошинобу Ватанабе, 17 се прирачници на теми како што се правење отрови или вршење ноќни напади. Од 17-те, четири се напишани меѓу 1670 и 1680 година, според истражувањето извршено од страна на Општинската Управа на Кога кое започна минатата година.
На пример, еден од прирачниците за отрови ги подучува нинџите како да ставаат во бунарите прав добиен при горење на гуштери или тигар-буби, за кои се верувало дека се отровни.
Во друг прирачник пишува за успивачки лекови од кои непријателите би заспале поради чадот создаден при горење на прав од черупки на инсекти или на тутун.
Во врска со ноќните заседи, според споменатите текстови, на нинџите им се препорачувало да не им се приближуваат на непријателите веднаш откако ќе ги нападнат со оружја кои предизвикуваат оган, затоа што можат и самите да бидат загушени од чадот.
Документите чувани во домот на Ватанабе покажуваат дека нинџите биле обучувани на разни вештини, меѓу кои и артилериско пукање, јавање и магии.
Сетот од 150 документи вклучува и копии од 10 заклетви напишани меѓу 1700 и 1829 година кои биле дадени на еден локален феудалец.
Документите покажуваат дека кога нинџите од Кога се вклучувале во борбите за заштита на имотот на локалниот феудалец, барале ветување дека нивниот статус ќе биде целосно заштитен. Истовремено давале ветување дека сите нивни акции ќе бидат најстрого доверливи. Предците на Ватанабе биле фармери, а истовремено работеле и како нинџи.
Масајуки Ито, истражувач од Градскиот совет на Кога за прашања поврзани со образованието, тврди дека одреден Џонин од Кога раководел истовремено со пет нинџа фамилии, вклучувајќи ги и Ватанабе и тајно склучувал договори со локалниот Даимјо.
За време на мир, тие „нерегуларни“ нинџа водови, секоја година го посетувале кланот Овари во сегашната Аичи префектура, за да добијат инструкции за артилериско пукање, покажуваат истражувањата на Ито.
Јуџи Јамада, јапонски професор по историја на Мие Универзитетот, дополнува дека документите најдени во домот на Ватанебе се „автентични историски матерјали“, затоа што многу од нив се точно датирани и предавани во фамилијата на нинџа наследниците.
Превел: Дамјан Серифимовски
Оригиналниот текст објавен во The Japan Times

Се разбира, редовни посетители се и ветераните кои одлучиле на некој начин да се специјализираат во користењето на примитивните „нинџа лак и стрела“.
Дворот на Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“ беше местото каде што учителот Довезенски несебично на своите ученици им го предаваше знаењето стекнато низ годините поминати во практицирање класични јапонски самурајски и нинџа вештини.
Воините на Буџинкан Македонија покажувајќи ја својата непредвидливост и моќ да ги менува временските услови по неколку пати во текот на еден ден.
На настанот учествуваа над десетина членови на Буџинкан Македонија кои во текот на денот исфрлија повеќе од петстотини метални сечива, карактеристични за нинџа воините од времето на средновековна Јапонија. Учесниците, кои беа на најразлична возраст, имаа можност да гаѓаат со Сенбан и со Ига шурикени, а на крајот на денот дрвените мети беа речиси целосно оштетени од силните продорни удари на железните ѕвездести орудија. Некои од учениците на шидоши Довезенски, кои редовно и со години учествуваат на овој традиционален семинар, веќе постигнуваат одлични резултати во оваа стара јапонска вештина, додека тие кои допрва се запознаваат со истата се воодушевени од нејзината моќност.
медали „Генин“ на помладите Учители Зоран Тодоровски и Марко Опачиќ, како признание за нивното десетгодишно редовно вежбање во доџо-то на Буџинкан Македонија.